Веќе неколку недели Скопје е преплавено од билборди „слушај македонска музика“ поставени од партијата на Љубчо Георгиевски, ВМРО-Народна партија.

Од партијата пред неколку денови преку писмено соопштение известија дека ваквата кампања е со цел да се поттикне патриотизмот, „македонскиот културен и духовен простор“ како одговор на југословениската доминација.

ВМРО-Народна партија „загрижена од процесот на комплетна културна доминација на поранешниот југословенски, а во рамките на македонскиот културен и духовен простор при што македонската култура, а пред се македонската песна како еден од главните симболи на идентитетот на секој народ е комплетно истисната и елиминирана.

Затоа ВМРО-Народна партија отпочнува со кампања „Слушај македонска музика – Одбрани го Македонскиот идентитет“ за да ги разбуди македонските елити кои се чувствуваат одговорни за македонскиот народ и конечно да направат нешто конкретно за спас на македонската песна односно симболот на македонскиот национален идентитет, велат од партијата.

На повеќе места се забележани ваквите билборди, а екипата на Радио Лидер напрви неколку фотографии од скопските булевари: