Нови детски игралишта низ сите населби во Аеродром
Во Горно Лисиче, Ново Лисиче, Населба Лисиче, Реонски Центар, Јане Сандански, Стар Аеродром и Острово изградени се нови детски игралишта. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска информираше дека овие проекти се дел од континуираната грижа за најмладите жители.
Градоначалникот со порака за иднината
„Тука растат насмевките. Кога се слуша детска смеа – знаеме дека сме на вистинскиот пат“, истакна Митески. Тој нагласи дека изградбата е наменета за соништата и игрите без крај на децата, како и за нивно безбедно и радосно детство.
Погледнете како изгледаат новите детски игралишта на повеќе локации низ Општината.
Посветеност кон заедницата
„Имаме уште многу за работа, но тука не застануваме. Ќе продолжиме уште посилно, посветено и мотивирано да работиме за сите нас. Аеродром е наш дом“, додаде градоначалникот во својата објава на социјалните мрежи.