ВМРО-ДПМНЕ вечерва го промовираше својот кандидат за градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски, кој пред дел од граѓаните на оваа општина вети нула корупција во општина Аеродром, имплементација на владеењето на правото, но и поголема безбедност во сообраќајот и социјални услуги за сите ранливи категории.