Францускиот министер за здравство Оливие Веран ги открил новите поволности во четвртокот. Досега сите контрацептивни методи беа бесплатни за девојки до 18-годишна возраст во Франција, а абортусот е бесплатен за сите жени и девојки.

Веран изјавил дека младите жени поретко користеле контрацепција во споредба со порано, најмногу од финансиски причини. Здравствениот систем покрива некои трошоци за контрола на бременоста, но не сите.

Недопустливо е жените да не може да се заштитат, да не може да користат контрацепција доколку го направат тој избор, бидејќи би чинело премногу – изјавил министерот.

Новата мерка ќе ја чини владата околу 21 милион евра.

Моментално, контрацептивните методи се бесплатни во Обединетото Кралство, додека Шпанија нуди бесплатни пилули за контрола на бременоста и покрива некои трошоци за други форми на контрацепција.