„Официјално го негираме тоа. Тоа место е наше и така ќе остане”, соопшти Елисејската палата, реагирајќи на веста објавена на насловната страница на британскиот дневен весник „Телеграф“, според која францускиот претседател Емануел Макрон “може да го понуди своето место во ОН „доколку Европската унија ги поддржи неговите планови за формирање европска армија“.
„Ние се координираме со ЕУ колку што е потребно, со целосен суверенитет“, се наведува во реакцијата на Елисејската палата.
Франција е една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, заедно со Кина, САД, Русија и Обединетото Кралство.
„Телеграф“ го објави написот во екот на дипломатската криза меѓу Париз од една страна и САД, Австралија и Велика Британија од друга страна, поради одлуката на овие три земји да склучат стратешко партнерство во Индо-Пацифичкиот регион, по што на Франција и беше откажана од Австралија на нарачката за подморници, кои сега ќе треба да ги изградат САД.