Напаѓачот Оливие Жиру го собори рекордот на францускиот национален тим по постигнати голови. Тој зад себе го остави легендарниот Тиери Анри со 51 гол, постигнувајќи го својот 52ри погодок во дресот на триколорите.

Франција поведе преку Жиру, па потоа со двата прекрасни гола на Килијан Мбапе ја ”овери” Полска која својата утеха ја побара во голот на Роберт Левандовски од белата точка во самиот финиш на мечот.

Мбапе пак стана првиот играч кој постигнал 8 или повеќе од 8 погодока пред да наполни 24 години.

Франција сега го чека победникот од мечот Англија – Сенегал кој започнува во 20:00 по македонско време.