Франција обезбеди дополнителни 100 милиони евра финансиска и хуманитарна помош за Украина, се вели во соопштение на француското Министерство за надворешни работи.
– Соочена со хуманитарната ситуација во Украина предизвикана од руската инвазија на земјата и како одговор на барањето на украинските власти, Франција одлучи да мобилизира финансиски пакет од 100 милиони евра за да обезбеди одговор за населението погодено од конфликтот. Покрај финансиската поддршка за невладините и мултилатералните организации, нашата помош има форма на итна хуманитарна помош. Уште осум тони помош заминаа од Франција деенска за Украина, а во соопштението се додава дека „се разгледуваат и други операции за хуманитарна помош за Украина“.
Франција ќе обезбеди помош и за украинските бегалци во Полска, се вели во соопштението.