Франција нема да биде посредник во дијалогот помеѓу Скопје и Софија бидејќи во актуелните услови нема потреба од трета страна во преговорите, вели францускиот амбасадор во земјата Сирил Бомгартнер.
Македонија и Бугарија според него, треба да се договорат и да воспостават директен дијалог за решавање на постоечките пречки а кога станува збор за евентуалното одвојување на Македонија и Албанија во преговорите, Европа има јасен став дека тоа во овој момент не се препорачува.
-Приоритет е да се обединат сите корисни напори за да се деблокира состојбата во спорот помеѓу Македонија и Бугарија и со тоа да се отвори патот за почеток на преговорите и за Македонија и за Албанија.- Сирил Бомгартнер.
Тука сме ние да ги придружуваме колку што можеме повеќе како европејци и кога ќе се постигне договор тогаш поинтензивно ќе почнеме да работиме за сето тоа да не однесе до усвојување на преговарачката рамка за членство во ЕУ.
Евроамбасадорот во Македонија, Дејвид Гир вели дека интегрирањето на Западен Балкан во европското семејство е во интерес на сите засегнати страни и дека Европската Унија посакува отворање на преговорите што е можно поскоро бидејќи Македонија ги исполнила сите технички услови за влез во Унијата.
-Ги охрабруваме и Македонија и Бугарија да продолжат со напорите за да се решат нивните взаемни прашања за да може да ги отвориме ние преговорите за членство на Македонија и Албанија. Во однос на двете резолуции во двете Собранија ќе ви кажам дека тоа е билатерално прашање од кои се засегнати двете држави.-Дејвид Гир.
Бомгартнер воедно порача дека треба да се вложат сите средства за решавање на спорот помеѓу двете земји без временски рокови и вели дека најавената посета на Петков на Скопје е позитивен знак на добра волја за двете страни за повторно активирање на разговорите за спорот со Бугарија.