epa09779143 General view of damage in Vibrovka village after shelling, near the pro-Russian militants controlled city of Luhansk, Ukraine, 23 February 2022. Russia on 21 February 2022 recognized the eastern Ukrainian self-proclaimed Donetsk and Luhansk People's Republics breakaway regions as independent states and ordered the deployment of peacekeeping troops to the Donbas, triggering an expected series of economic sanctions announcements by Western countries. EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE
Напорите за евакуација на цивилите во областа Луганск во источна Украина денеска беа прекинати откако оклопно возило беше погодено од шрапнел од руска граната, при што загина француски новинар, изјави регионалниот гувернер Сергеј Гајдаи.
Гајдаи напиша на Телеграм дека шрапнелите го пробиле оклопот на автомобилот во кој патувал акредитираниот француски новинар.