Командантот на француските сили во Сахел денеска изјави дека 1.500 француски војници ќе го напуштат Нигер до 31 декември, временска рамка што ја објави францускиот претседател Емануел Макрон кон крајот на минатиот месец.

„Целта на претседателските најави за заминување до 31 декември ќе биде исполнета“, рече генералот Ерик Озан на заедничката прес-конференција со нигерскиот полковник Мамане Сани Киау во Ниамеј, главниот град на Нигер.