Французин на возраст од 62 години преживеал 16 часа во воздушниот меур на бродот, кој се превртел во Атлантскиот Океан.
Бродот долг 12 метри, кој испловил од Лисабон, во понеделникот вечерта испратил сигнал за помош од Атлантскиот Океан.
Во тој момент пловилото се наоѓало на околу 22,5 километри од островот Сисаргас кај шпанска Галиција, јавува Би-Би-Си.
Според нуркач на шпанската крајбрежна стража, можноста за преживување на Французинот била речиси невозможна.
Спасувачки брод со пет нуркачи, како и три хеликоптери биле испратени да го пронајдат и спасат човекот, чиј идентитет не е соопштен.
Додека нуркач го пребарувал пловилото, човекот почнал да удира внатре, но морето било премногу разбранувано за да продолжи со спасувачката операција.
Крајбрежната стража потоа прикачила пловни балони на трупот на бродот за да спречи понатамошно потонување.
Французинот морал да го чека утрото, а двајца нуркачи пливале под чамецот за да му помогнат на морнарот додека водата допирала до неговите колена, пишува Гардијан.
Тој бил префрлен во болница, но набрзо бил пуштен од болница.