Француските власти соопштија за појава на нова варијанта на коронавирусот во северозападниот дел од земјата и дека таа варијанта не можат да ја откријат стандардните PCR тестови. Откриени се осум носители на оваа нова варијанта.

Францускиот министер за здравство изјави дека не мислат дека новата варијанта е позаразна или дека предизвикува потешка форма на КОВИД-19. Откиениот нов вид доаѓа во момент кога Франција има пораст на бројот на заразени, а претседателот, Макрон, предупреди дека ќе има нови рестриктивни мерки.