За бронзениот медал на Светското првенство 2026 вечерва ќе се борат Франција и Англија. Двете репрезентации ќе се соочат на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, а натпреварот ќе започне во 23 часот по македонско време.
Двете репрезентации досега одиграле 32 меѓусебни натпревари. Англија има 17 победи, Франција славела на 10 средби, а пет натпревари завршиле нерешено. Гол-разликата е 72:41 во корист на Англичаните.
На светските првенства Франција и Англија се сретнале трипати. Англија победи во 1966 година со 2:0 и во 1982 година со 3:1, додека Франција триумфираше со 2:1 на Мундијалот во 2022 година.
Француската репрезентација го освои првото место во групата со Норвешка, Сенегал и Ирак. Во нокаут-фазата ги елиминираше Шведска, Парагвај и Мароко, а во полуфиналето беше поразена од Шпанија.
Англија, пак, заврши прва во групата со Хрватска, Гана и Панама. Во елиминациската фаза ги совлада ДР Конго, Мексико и Норвешка, пред во полуфиналето да загуби од Аргентина.
Финалето на Светското првенство 2026 е закажано за утревечер со почеток во 21 часот по македонско време, а за шампионската титула ќе се борат Шпанија и Аргентина.
