Скопјанец приведен поради загрозување на безбедност на полициски хеликоптер – Инцидентот се случил во Блаце
Полициските службеници од ПС Карпош на 12 август 2025 година во 18:55 часот го привеле И.А. (55) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ согласно член 303 од Кривичниот законик. Според полицијата, на 6 јули 2025 година околу 18 часот, додека полициски хеликоптер „Белл 412“ се подготвувал да наполни вода за гаснење пожар во реонот на Блаце, во близина на местото каде реката Лепенец се влива во Вардар, пилотите забележале лице во плиткиот дел од реката кое мавтало со раце.
Фрлал камења кон воздухопловот
Присутни лица на местото на настанот информирале дека лицето фрлало камења кон хеликоптерот, што ги принудило пилотите да ја сменат локацијата за полнење на вода, поради сериозно загрозување на безбедноста за време на извршување задачи од јавен интерес.
Активни три пожари на отворено од вкупно 33 во последното деноноќие
Скопјанец приведен поради загрозување на безбедност.
Кривична пријава по документирање на случајот
По преземени мерки, осомничениот е пронајден и приведен. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.