Српските медиуми објавија дека синоќа била фрлена бомба врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград.
Според Telegraf.rs, полициските сили веднаш го блокирале пристапот до зградата по приемот на пријавата, а истрагата ја спроведуваат припадници на Министерството за внатрешни работи и дежурниот обвинител во Вишото јавно обвинителство во Белград.
Форензичките експерти собираат докази и проверуваат снимки од околните камери за надзор со цел да го идентификуваат напаѓачот. Според првичните информации, нема повредени, но зградата претрпела значителна материјална штета.
Според неофицијални информации, пејачот не бил во куќата за време на експлозијата. Имотот се наоѓа во населбата Дедиње.
