Министерството за внатрешни работи објави дека бомбата којашто беше фрлена утрово во клубот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) во Тетово била активирана, но не експлодирала.
Се работи за рачна бомба Ф1 којашто потоа била подигната од Единицата за антитероризам.

Од МВР информираа дека нема повредени лица, а било кршено само стаклото од излогот.

„Веднаш по пријавата биле преземени мерки и било констатирано дека се работи за угостителски објект кој повремено се користи и како клуб од една политичка партија“, велат од МВР и додаваат дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот.

Претхно за случајот се огласи и претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски, кој рече дека целиот настан е евидентиран преку камера, која служи за видеонадзор и тој верува дека лицето ќе биде најдено. Истакна и дека лицето ја фрлило бомбата, па се ратило за да провери дали е активирана.