СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.К. (38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 13.06.2025 во Тетово, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал пријавениот, но тој не застанал и притоа од возилото фрлил кокаин, по што го сопрел возилото.