Фудбалерот на Штутгарт, Атакан Каразор заедно со негов пријател се уапсени поради наводно силување додека биле на одмор на островот Ибица.
18-годишна девојка ги пријавила двајцата за силување по што тие биле приведени. Случајот го потврди и Штутгарт.
-Фудбалерот на Штутгарт, Атакан Каразор е уапсен додека бил на одмор на Ибица. Тој тврди дека не го направил тоа. Фудбалскиот клуб Штутгарт е во постојан контакт со неговиот адвокат, стои во соопштението на Штутгарт.
Двајцата се во притвор од средата и чекаат испитување по кое ќе биде одлучено дали ќе бидат пуштени или ќе останат во притвор.