Кралот на фудбалот, Бразилецот Пеле пред две години по повод смртта на аргентискиот фудбалски волшебник Диаго Армандо Марадона напиша: Пријателе се надевам дека еден ден пак ке бидеме заедно и дека ке играме фудбал во рајот.
По заминувањето на големиот бразилски виртуоз, овие зборови добија на значење и целиот свет се потсети на нив.
Прочуениот Фабрицио Романо објави снимка на која Пеле и Марадона играат со глава во тв студио со коментар ,,вечна благодарност“.
Пеле и Марадона обележаа посебни периоди во светскиот фудбал и никогаш не играа заедно ниту еден против друг.