Лекот трикфта кој почна да се дава пред еден месец кај осум пациенти со цистична фиброза, од вчера се дава кај уште четири пациенти на Универзитетската клиника за детски болести и на Универзитетската клиника за пулмологија.

Како што информира директорката на детската клиника, д-р Стојка Фуштиќ, во услови кога не се обезбедува лек за сите пациенти на коj им е потребeн, предност за терапија им се дава на пациентите со полоша белодробна функција.

„Договорот за тоа кои пациенти ќе бидат вклучени, е помеѓу докторите од двете клиники, кои се одговорни за лекување на пациентите со цистична фиброза“, се наведува во писмената изјава на Фуштиќ.

Едноминутен молк пред Влада поради смртта на Благојче Илијевски

Сите бегаат од одговорност, лек за само неколку пациенти со цистична фиброза
Како што се додава во соопштението, со обезбедување на терапија за поголем број пациенти, „кафтрио“ во комбинација со „калидеко“, ќе добијат и пациентите со умерена белодробна болест.

По смртта на пациентот Благојче Илиевски, државата почна да го набавува лекот трикафта, но само за осум пациенти со цистична фиброза кои беа во потешка здравствена состојба. Останатите осумдесетина пациенти со ова заболување се уште чекаат да добијат пристап до терапијата.

Асоцијацијата на пациенти со цистична фиброза вчера пред Министерството за здравство одржа протест на кој побара од здравствените власти да побрзаат со набавката на терапијата. Од Министерството за здравство одговорија дека работат на набавката.