Фондот останува посветен на квалитет и законитост на здравствените услуги
Фондот останува посветен да ги следи сите прашања поврзани со квалитетот, безбедноста и законитоста на здравствените услуги што им се обезбедуваат на осигурениците. Во однос на неодамнешните тврдења за наводни непотребни медицински интервенции, ФЗО повторно ја истакнува својата посветеност на транспарентност, почитување на законите и заштита на правата на пациентите.
Фондот нагласува важност од придржување кон професионалните стандарди, медицинската етика и принципите на медицина заснована на докази, кои се темел на здравствениот систем. Во рамките на своите надлежности, ФЗО врши редовни контроли на договорните обврски со јавните и приватните здравствени установи, со цел услугите да се изведуваат во согласност со законските прописи и склучените договори. Контролите се редовни, годишни, а Фондот постапува и по претставки на пациенти или по сопствен наод.
ФЗО апелира за аргументирана комуникација
Во изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни интервенции, додека по сопствен наод се извршени девет контроли за приватно наплатени средства. Сепак, ФЗО нема законска надлежност да ја оценува медицинската оправданост на изведените интервенции, ниту да врши инспекциски надзор врз стручната работа на установите. Овие надлежности се во доменот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат или на специјални комисии формирани од министерот за здравство.
Фондот ќе продолжи да работи на спречување на евентуални неправилности во користењето на финансиските средства. Од ФЗО апелираат до сите чинители во здравствениот систем и до јавноста за одмерена и аргументирана комуникација, заснована на проверливи факти, со цел зачувување на довербата во системот и избегнување сензационализам.
ФЗО останува посветен на заштита на правата на осигурениците и на обезбедување квалитетни здравствени услуги, во рамки на своите законски овластувања.