„Речиси сите модули на ФЗОРСМ, се ставени во функција. ИТ експертите ги финализираат процесите и функционалностите, и со тоа започна исплата на боледувањата, породилното остуство и разни рефундации. Се очекува осигурениците етапно да ги добиваат средствата на своите сметкит во текот на утрешниот ден и во среда“, соопштуваат од Фондот за здравство.

Тоа значи дека веднаш ќе започне исплатата на боледувањата кои биле внесени до 05.02.2023 година. Податоците за боледувањата кои се доставени после овој датум ќе започнат да се внесуваат во Подрачните служби за и тие да влезат во системот за редовна исплата. Во тек е и враќањето во функција и на ДРГ системот, (кој е систем за евиденција на болничките услуги) за што јавноста навремено ќе биде известена, соопштуваат од Финдот за здравство.