Американскиот дипломат задолжен за западен Балкан Габриел Ескобар утре и задутре во Скопје на средба со државниот врв, но и со опозцијата. Како што веќе е потврдено Ескобар ќе има средби со премиерот Ковачевски, шефот на државата Пендаровски, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Заменик-помошник државниот секретар доаѓа само неколку дена откако во парламентот почна процесот на уставни измени, но поради тоа што власта не обезбеди 80 пратеници гласање за внесување на Бугарите како услов за одржување на Втората меѓувладина конференција со Брисел не се случи.

По петочната седница пораки државата да продолжи по европскиот пат испратија претседателката на Европската Комисија Фон дер Лаен и американската амбасадорка во земјава Агелер.

Иако признава дека темата на овие стотаноци со странски дипломати се уставните измени, тој вели Ескобар е добредојден ако сака да ги чуе аргументите на опозицијата и на граѓаните против уставните измени.

Власта пак, вели дека опзоциските политичари треба да носат разумни одлуки и дека се разговара со секој пратеник.

Наспроти ова, од Социјалистичката партија во соопштение велат дека „не постојат притисоци и закани на кои опозициските паретници не се подготвени да им се спротивстават“.