Украина ја задржа контролата врз хемиската фабрика „Азот“ во Севернодоњецк, во која се кријат стотици цивили, изјави денеска гувернерот на регионот Серхи Гајдај.
-„Азот“ не е блокирана, борбите продолжуваат на улиците до фабриката, изјави Гајдај за украинската телевизија.
Гувернерот додаде дека очекува руските сили да вложат максимални напори во обид да го освојат градот, денеска или утре.