Манифестацијата почна вчера со традиционалните свадбени обичаи – китење, редење на бајракот и „фрлање пушки“, „пречек на топаните“, изведба на ората „Свекрвино“, „Тешкото“ и „Невестинско“, а ќе заврши денеска со венчавка на младенците во црквата „Св. Петар и Павле“ во Галичник.
Галичката свадба се одржува под покровителство на претседателот Стево Пендаровски и со поддршка од Министерството за култура. Организатор е Месната заедница „Галичник“ која на прес-конференција соопшти дека викендов во Галичник ќе има посебен режим во сообраќајот и забрана за паркирање околу локациите на настанот.