Инспекторатите и МВР реагираа, камионот одземен, случајот добива институционален епилог

По синоќешната „драма“ пред бараките на Град Скопје, кога група граѓани предводени од градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, со товарно возило истурија смет пред службениот влез, реагираа инспекциските служби и полицијата.

Повеќе прочитајте од веста во продолжение.

(ВИДЕО) Со маичка „Нирвана“ Данела Арсовска дојде пред Град Скопје по полноќ и го бараше Ганиу

Тој не само што го предводеше настанот туку и јавно призна дека се работи за противзаконско дело. Ганиу го оправда потегот како краен протест поради игноранцијата кон состојбата со смет во Чаршијата.

  • „Знам дека е противзаконско, немав што друго да правам. Сакав да испратам порака – Чаршијата е наша, таа е на државата. Туристите ни го сликаат ѓубрето. Немаше кој да го исчисти“, изјави Ганиу.

Тој тврди дека институциите вршат притисок врз критичарите и најави дека „доаѓа време кога некој ќе треба да одговара“.

Возилото запленето, се води постапка

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека по настанот било одземено товарното возило марка „Мерцедес“, кое било користено за истурање на отпадот. Според нив, околу 30 до 40 граѓани се движеле во група од Владата кон Градскиот парк, а настанот бил пријавен во 23:20 часот. Скопје1 ги соопшти деталите.

  • „Полициски службеници веднаш интервенираа, беа извршени разговори, фотографирање на местото и констатирано е прекршување по Законот за јавна чистота. Камионот е спроведен во ‘Дрисла’ во присуство на полицијата“, соопштија од МВР за „Скопје1“.

Политички и институционален судир?

Настанот отвори и пошироки прашања за односот меѓу општините и градската администрација, особено во контекст на чистотата и функционирањето на јавните служби во Скопје. Додека за едни овој чин е непримерен начин на комуникација со институциите, за други е легитимен израз на очај и протест.