Апелација му го врати пасошот на Асмир Јахоски за матурата на синот во Истанбул
Скопскиот Апелационен суд му го врати пасошот на Асмир Јахоски за да присуствува на матурата на синот во Истанбул. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција дало согласност, сметајќи го имотот од речиси милион евра и средствата над 1,1 милион евра за гаранција. Против него остануваат активни мерки на претпазливост, вклучувајќи обврска да се јавува во Кривичен суд секој прв понеделник. Јахоски е осомничен за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, а минатиот месец беше пуштен од притвор.
Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за „Скопје1“ изјавија:
„Обвинителството не се согласи со првиот предлог на одбраната за целосно укинување на мерката привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница односно забрана за нејзино издавање.“