Градежната офанзива со себе носи и квалитет, особено во последните неколку години. Не постои ризик за новите објекти да не бидат проектирани и изведени спрема постојните сеизмички прописи, вели за Лидер сеизмологот, професор Михил Гаревски.
По синојќешниот змејотрес во соседна Грција, Гаревски очекува афтершокови на целата територија на земјава и во наредните неколку месеци, но вели граѓаните може да бидат спокојни.

Квалитетот на градбите во земјава исклучиво се актуелизира кога се случуваат земјотреси. Колку Македонија е подготвена за вакви земјотреси со ваков интензитет, осносно колку се сеизмички испитани објектите кои се поинетензивно се градат, особено во Скопје и Охрид?

-Можам со сигурност да кажам дека градбите кои што се градат во Р.С.Македонија во последните 5-6 години се нејсигурни на Балканот, а и пошироко, поради фактот што за истите е воведена ригорозна контрола. Претпоставувам дека голем дел од граѓаните не знаат дека во Законот за Градба, постои таканаречен член 4а кој што пропишува дека за добивање на дозвола за градба е потребно да се добие позитивно мислење за проектот од страна на научна установа специјализирана во областа на сеизмичка отпорност на градбите. Уште повеќе за сите градби поголеми од 300м2 ,за да може на ивеститорот да му биде одобрен техничкиот прием на градбата, потребно е објектот двапати во текот на градбата, на почеток и по завршување на изградбата на носивата конструкција, да биде контролиран од страна на специјализирана научна установ. Целта на овие контроли е да се утврди дали градбите се изведуваат според проектот за кој е добиено позитивно мислење. Само ако се доби позитивно мислење за овие контроли општината или државата може да му изврши технички прием. Потенцирам дека овој член доследно се применува и од страна на општините и од страна на државата (за капиталните објекти).

Колку градежната офанзива е “безбедна“ за вакви природни катастрофи?

-Иако градежната офанзива е многу голема, токму поради оваа супер контрола, не постои ризик за новите објекти да не бидат проектирани и изведени спрема постојните сеизмички прописи за Р.С.М.

Колку граѓаните на југо-западниот дел се безбедни и дали мирно може да спијат по земјотресот во Лерин?

-Граѓаните на целата територија на Р.С.М. не треба воопшто да стравуваат од евентуалните афтершокови кој што ги има (досега се околу 40 ) и ќе ги има во наредните неколку месеци, бидејќи силината на земјотресот многу се намалува со оддалечувањето од епицентарот.Исклучок е регионот околу Битола кои е на иста епицентрална линија како и Лерин, па граѓаните ги чувствуваат афтершоковите. Но и тие нетребе да стравуваат за својте домови бидејки афтер шоковите кои се очекуваат неможат да предизвикаат дополнителни оштетувања на објектите, вели Гаревски за Лидер.