Претседателот на Собранието, Африм Гаши вчера бил хоспитализиран на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија.
Од Кабинетот на Гаши велат дека неговата здравствена состојба е стабилна. Тие додаваат дека во моментот претседателот поминува низ детални здравствени прегледи.
„Во врска со информациите објавени во медиумите за здравствената состојба на претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, ја информираме јавноста дека тој вчера беше хоспитализиран на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија. Здравствената состојба на Гаши е стабилна и во тек се детални медицински прегледи. Сите понатамошни информации ќе бидат навремено соопштени на јавноста од надлежните институции“, информираат од Кабинетот на Гаши.