Претседателот на Собранието на Македонија,  Африм Гаши денеска одржа координација со координаторите на пратеничките групи, по завршената пауза заради локалните избори.

Гаши нагласи дека е неопходно да се донесе нов Изборен законик или темелни измени на постоечкиот, нагласувајќи дека сите групи се согласиле на разговори со цел постигнување консензус.

„На координацијата … разговаравме да се донесе нов Изборен законик, на консензуален начин. Нов Изборен законик треба меѓу другото и поради финансирањето на партиите… Не е исклучено да се зборува и за промена на изборниот систем, на пример Македонија да биде една изборна единица,“ изјави Гаши.

Со новото законско решение или измени треба да се надминат проблемите утврдени во изборните процеси: препораки на Организација за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), финансирањето на кампањите, кандидатурата на независни кандидати, цензусите, предвремената кампања и изборниот модел.