Во однос на прашањето за мојата татковина, свесен сум за обвинувањата и искривувањата од различни медиуми кои се обидуваат да привлечат внимание. Како претседател на Собранието на сите граѓани на Република Северна Македонија, сакам да појаснам дека Африм Гаши е роден во Скопје, каде живее и работи со своето семејство, а негова татковина е Северна Македонија, вели Африм Гаши во објавата на неговиот фејсбук-профил.
Тој додаде дека неговата точна изјава во интервјуто била дека „Косово е родно место или татковина на неговите родители и дека он го почитува како такво заради нив“.