Газдата на НИКОБ обезбедување предизвикал тепачка, дознава радио Лидер.
Лице од село Волково во полиција пријавил дека физички бил нападнат од Кирил Лазаров кој се претставил како газда на Никоб обезбедување.
Лазаров дошол во комплексот Вергина и без повод и причина го нападнал обезбедувањето и со метла ги искршил камерите за надзор, стои во документот до кој дојде Лидер.