Министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска за бТВ изјави дека нејзината земја во оваа фаза нема да ја премести амбасадата од Киев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Генчовска, на веб-страницата на Министерството се пријавиле 83 бугарски државјани во Украина, а шест од нив изразиле желба да бидат евакуирани надвор од земјата.

Таа истакна дека Бугарија е целосно на страната на Украина.

Генчовска додаде дека е подготвена да ја посети Москва и рече дека треба да има две страни во дијалогот. Таа потврди дека ќе ја посети Украина, нагласувајќи дека Бугарија е подготвена да реагира на секакви сценарија.