-Овој пат тие се многу блиски. Мислам дека им се допаѓа идејата да можат да го направат тоа, рече Мекензи во интервјуто.
Од април во Виена се водат преговори за да се спречи целосниот неуспех на нуклеарниот договор со Иран од 2015. Шестиот круг преговори заврши на 20 јуни, но оттогаш преговорите се во ќорсокак.
По неколкумесечната пауза преговорите продолжуваат на 29 ноември, а на барање на иранската страна САД нема да учествуваат во оваа рунда.
Иако американските дипломати во моментов играат водечка улога во разговорите, Мекензи кажа дека Централната команда има различни планови кои би можеле да се спроведат доколку Иран се здобие со нуклеарно оружје.
Мекензи проценува дека на Иран ќе му треба нешто повеќе од една година за да развие нуклеарна боева глава што може да се прикачи на еден од неговите арсенали од 3.000 балистички ракети.
-Во последните години, Иранците успеаја да создадат ракети со висока прецизност, истакна тој.
„Овие проектили паѓаат на десетици метри од нивните цели. Единственото нешто што Иранците го направија во последните три до пет години е изградба на многу способна платформа за балистички проектили“, се наведува во извештајот.