Константите ракетни гранатирања на руските сили во Украинскиот град Буча нанесоа несогледливи штети врз цивилната инфрастуктура, оставајќи го тамотшното население без вода и струја.
Генераторот за струја, кој што лани во октомври градот Буча го доби како донација компанијата „Кожувчанка“ по иницијатива на градоначалникот Митко Јанчев е ставен во функција и е од голема помош во ублажување на и онака тешката состојба во која што се наоѓа самиот град.
„До овој момент ние таму напојуваме 17 пумпни станици, самата станица Речеве, односно резерватот за чиста вода, освен тоа кон него се приклучени 5 котли и тие работат и функционираат од тој генератор. Неколку котли тестираме и ги проучуваме техничките решенија за можно приклучување без да дојде до оптеретување за и линиите да издржат и котлите да работат соодветно. Освен тоа ние кон него приклучивме неколку семафори и неколку пунктови за греење за населението во зградите. Се трудиме максимално ефикасно да ја користиме дадената помош“.
Генераторот има струја со капацитет од 700 киловат часови, а е во вредност од 100.000 евра. Првиот човек на општината најави и дополнителна помош.
Во октомври минатата година Кавадарци се збратими со украинскиот град Буча, кој за јавноста стана познат по бруталните воени злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина. Од економски развиен град денеска Буча се обидува да оживее и да ја обнови уништената критична инфрастра.