Во пресрет на патувањето во Дебреци на ЕП свое мислење за настапот на Европското првенство го изнесе Гоце Георгиевски:

-Нормално е пред секое големо натпреварување да има возбуда, поголем број од нас репрезентативците имаме искуство со настапите на Европските првенства, знаеме што носи и што бара едно вакво големо натпреварување. Јас сум оптимист, можам да кажам дека доста добро се работи на тренинзите. Сите играчи сосема добро ги одбработуваат задачите што им се дадени. Имаме добра атмосфера и ако успееме тоа од тренинзите да го пренесеме на натпреварите, ќе бидеме на добар пат да се надеваме на добар резултат, изјави Георгиевски.