Македонецот утрово во категоријата +80 го победи Сејду Гбане од Брегот на Слоновата коска со 9:4.
Воведните две минути поминаа во тактичка борба и без освоен бод на двете страни. Борбата се разгори во втората рунда која ја доби македонскиот претставник со 3:1. Во третата рудна Георгиевски доминираше и стигна до триумф.
Следен противник на Георгиевски е Ин од Кореја. Оваа борба е закажана за 9:45 часот по македонско време.