Тој напомена дека нема да отстапи од хумана урбанизација и дека ќе се залага за побрзо донесување на деталните урбанистички планови, со кои наместо габаритни градби ќе ума градинки, училишта, културни центри и ново зеленило. За сообраќајот, тој рече дека ќе обезбеди резидентни паркинзи за станарите до Центар.
Во гостувањето на ТВ 24, исто така зборуваше дека ќе работи исклучиво само во интерес на граѓаните и затоа секојдневно ќе одвојува по еден час само за нив.
Мојата цел е рече Герасимовски општината целосно да биде отворена за граѓаните, да има контакти да слуша и постапува по барањата и проблемите и тоа да се види во првите 100 дена од мандатот. Само така ќе се врати довербата кај граѓаните, општина Центар треба да стане модерна и урбана со проекти во полза на граѓаните.