Германија планира да обезбеди дополнителни 430 милиони евра за борба против гладта во светот, соопшти денеска Министерството за развој, потврдувајќи го претходниот извештај на магазинот „Шпигел“.
Околу 238 милиони евра ќе бидат наменети за поддршка на развојот на одржливото земјоделство и образование, а дополнителни 192 милиони евра за иницијативата „Еден свет без глад“ и Светската програма за храна, се вели во соопштението на Министерството.
Војната во Украина доведе до скок на глобалните цени на житариците, маслото за јадење, горивото и вештачките ѓубрива, а агенциите на ОН предупредуваат дека зголемувањето на цените ќе ја влоши кризата со храна во Африка.