27-годишна државјанка на Германија беше лишена од слобода на граничниот премин Табановце откако полицијата во возилото со кое влегувала во земјава пронашла психотропни супстанци.
Случајот се случил вчера околу 9 часот наутро при редовна гранична контрола на влез во Македонија. Полициските службеници извршиле детален преглед на комбе марка „фолксваген“ со германски регистарски ознаки, во кое патувала М.С. (27).
При контролата, во задниот дел од возилото биле пронајдени две тегли со печурки кои содржат психотропни супстанци. Жената пред полицијата изјавила дека пронајдените тегли се нејзина сопственост.
По откривањето на супстанците, таа веднаш била уапсена и предадена на полициски службеници од СВР Куманово, кои ги презеле понатамошните мерки.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против германската државјанка ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
психотропни печурки
