Германската амбасада во Скопје изразува сочувство за жртвите во сообраќајната несреќа на автобусот на „Беса Транс“ што се случи ноќеска во Бугарија, во која загинаа најмалку 45 лица.
Амбасадата им изразува најдлабоко сочувство на семејствата и пријателите на жртвите од ужасната автобуска несреќа што се случила во Бугарија. Искрено жалиме за загубите – наведуваат Амбасадата на Германија.