Германски боксер застрелан во Белград

Познатиот германски боксер Марио Дасер (36) е ранет рано утринава во престрелка што се случила во ресторан во Белград. Како што јавија српските медиуми, инцидентот се случил околу три часот по полноќ на улицата „Кнез Данилова“. Покрај Дасер, ранет е и М.А. (31).

Двајцата со приватни возила се пренесени во Ургентниот центар. Дасер се здобил со две прострелни рани во потколениците, додека М.А. повреден во вратот и раката.

Полицијата интензивно трага по двајцата осомничени напаѓачи

Полицијата интензивно трага по двајцата осомничени напаѓачи, кои беа фатени на безбедносните камери во близина на местото на настанот. По пукањето започна операцијата „Вител“ со цел брзо да се пронајдат.

Дасер е поранешен професионален боксер кој имаше импресивен рекорд од 14 победи без пораз од 2009 до 2017 година, од кои седум завршија со нокаут. Најголемиот успех во кариерата го постигна во 2017 година, кога ја освои европската титула на ВБО во крузер категорија, победувајќи го британскиот боксер Олу Афолаби со технички нокаут во третата рунда.

Бизнис со недвижности

По завршувањето на спортската кариера, Дасер се посвети на деловни потфати, особено во областа на недвижностите и изградбата на монтажни куќи, што му донесе значителен финансиски успех, а тој стана мултимилионер.