Доцна попладневно полицијата упаднала во домот на новинарот Марјан Стаменковски во скопската населба Влае, а за истото се огласи и Героски. Според Героски, непотврдено сознание е дека станува збор за пријава во врска со написи на Стаменковски за лице од Шестата управа на МВР.

Стаменковски е сопственик и уредник на порталот ДоказМ. Според првичните информации, претресот се врши по налог на Основното јавно обвинителство.

За ова се огласи и Героски на својот Фејсбук профил.

Се наоѓам пред домот на Марјан Стаменковски. Неколку часа овде се врши претрес. По наредбљ на ОЈО Скопје. Ноќва тој ќе ја помине во полициската станица во Карпош, а утре ќе биде изведен пред судија во претходна постапка. Како што дознаваме, од домот на Стаменковски се одземаат мобилни телефони, компјутери и парични средства, а се преснимуваат и пораки. Непотврдени сознание е дека станува збор за пријава во врска со написи на Стаменковски за лице од Шестата управа на МВР, пишува Героски.