Избраничките на Александра Кузмановска рамо до рамо се носеа со поискусната екипа од Гевгелија, посебно во првиот дел, но грешките во второто полувреме беа кобни за нив. И двете екипи имаа водство во воведниот дел. Домаќинките водеа со 8:7, а малиот пад во нивната игра беше искористен од страна на гостинките кои со серија од 3:0 поведоа со 10:8. На полувреме, Гевгелија замина со предност од три гола разлика, 13:10.

Ракометарките на Татјана Бојкова започнаа да се одлепуваат на три до четири позитива во второто полувреме и до последната секунда ја контролираа играта. Домаќинките во 45. минута намалија на минус два, 20:22, но до самиот крај немаа доволно сили да направат камбек или евентуално изненадување.

Најефикасна во редовите на Гевгелија беше поранешната репрезентативка на Македонија, Драгица Митрова со десет гола. Вања Ангеловска и Ивана Стојмановска со по шест гола беа најефикасни во Кузман Вардар.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА А