Евроамбасадорот Дејвид Гир во интервју за „Радио Слободна Европа“ изјави дека се сомнева оти оваа влада може да постигне подобар договор и дека не гледа апетит Брисел одново да разгледува нова преговарачка рамка за членството на Македонија во ЕУ.
Ја поздравуваме посветеноста на Владата кон ЕУ, и веќе видовме добар напредок. Оваа влада напредува позитивно, а во однос на уставните амандмани, имаме решение на маса. Дали оваа влада може да постигне подобар договор? Се сомневам… Не гледам апетит Брисел одново да разгледува нова преговарачка рамка. И би било добро да напредуваме кон ова решение, рече Гир.
Тој напомена дека владата мора да работи на подобрување на судството.