Новак Ѓоковиќ по голема битка во два сета го победи Тејлор Фриц 2-0 (7-6 и 7-6) и се пласираше во финалето на завршниот АТП турнир во Торино.
Според многумина не му беше потребно на Новак да игра максимално против Медведев бидејќи истрши многу енергија. Исцрпеноста беше видлива денеска против Фриц, но сепак Ѓоковиќ успеа да победи.
„Победата ми беше во втор план, морав да се борам за да преживеам. Не се чувствував комфорно по маратонската битла со Медведев и знаев дека ќе ми треба време да се прилагодам на играта на Фриц, кој има еден од најдобрите сервиси во светот“, вели Новак Ѓоковиќ.
„Мислам дека не одиграв најдобро, но најважно е што победив. Уживам во атмосферата, нормално дека годи кога луѓе доаѓаат специјално да навиваат за вас. Гладен сум за трофеи, пред мене и само уште еден меч и нормално дека ќе дадам се што ми остана од енергијата да дојдат до пехарот“.