Македонец во Њујорк ќе го памети вчерашниот ден откако доби автограм од најтрофејниот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, после победата за полуфинале на српската тениска ѕвезда на „Флашинг Медиуз“, на УС-опен.
Ѓоковиќ во три сета го мина Тејлор Фриц, па после победата застана да подели некој автограм, па излезе во фокус македонското знаме на кое се потпиша Ѓоковиќ, по што нашиот навивач не можеше да ја скрие среќата.
Почна да го бакнува знамето со автограмот, па „лебдеше од радост“ додека ги напушташе трибините.