Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ за првпат проговори по депортацијата од Австралија, честитајќи им на шампионите на турнирот во Мелбурн.

Ѓоковиќ ѝ честиташе на Ешли Барти за титулата во женска конкуренција и на Надал за трофејот во машка конкуренција.

Новак ја доби првата битка на Федералниот суд и направи поништената виза да му биде вратена, но по 11 дена минати во Австралија, на крајот беше депортиран откако Сојузниот суд по вторпат му го одзема правото да биде слободен граѓанин во државата Викторија.

Министерот за имиграција Алекс Хок во својот извештај наведе дека тоа е лош пример за граѓаните во Австралија и може да донесе контра-ефект, а ваквиот став на министерот беше усвоен од сојузниот Суд.