Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ проговори за тоа дека не доби дозвола да учествува на турнирите во Индијан Велс и Мајами.

На 22-кратниот победник на Грен слем му беше забранет влезот во САД поради немање сертификат за вакцинација против коронавирус.

– Посакувам да можам да играм во Индијан Велс и Мајами. Ги сакам овие турнири. Имав многу успех таму. Но, во исто време, ова е свесна одлука што ја донесов и знаев дека секогаш постои можност да не одам. И оваа ситуација, се надевам, ќе се промени до крајот на оваа година за следниот УС Опен. Ова е најважниот турнир за мене на американско тло, го цитира Ѓоковиќ „Си-ен-ен“.

Триесет и петгодишниот тенисер истакна дека во оваа фаза од кариерата му се најважни грен слемовите и ќе почека да види дали ќе може да замине во Њујорк.

– Навистина сакам да играм таму, сакам да бидам таму. Имав среќа три пати да го освојам УС Опен, да одиграм многу финалиња. И покрај тоа што загубив пред две години, добив многу љубов и благодарност од луѓето и сакам да се вратам и повторно да се сретнам со тие навивачи. Така што тоа е она на што се радувам и се надевам дека ќе се случи, изјави Ѓоковиќ.

УС Опен-2023 ќе се одржи од 28 август до 10 септември.