Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ планира да купи големо земјиште во Будва за да изгради мега комплекс со голф терени, хотели и други содржини, објави црногорскиот весник „Вијести“.
Според истиот извор, српскиот тенисер планира да го реализира проектот со поддршка на инвестициски фонд од Обединетите Арапски Емирати, а вкупната инвестиција се проценува на над 300 милиони евра.
Ѓоковиќ, како што пишува „Вијести“ веќе ја посетил локацијата и остварил средби со менаџери и правни експерти при неговата посета на црногорскиот град на брегот на Јадранското море на крајот на јануари кога му беше врачена повелба за Почесен граѓанин на Будва.